Видео: Фронтменот на Фу Фајтерс со скршена нога го доврши концертот

За време на вчерашниот настап во Гетеборг, фронтменот на Фу Фајтерс, Дејв Грол, скокна од сцената, по што ја скрши ногата.

Инцидентот се случи за време на изведбата на хитот од 1997 година „Monkey Wrench“, а на снимката од концертот се слуша Грол како им објаснува на посетителите дека ја скршил ногата, но дека планира да го заврши концертот откако ќе се врати од болница.

За време на отсуството на Грол, тапанарот на бендот Тејлор Хокинс го замени покривајќи ги вокалите, а по извесно време 46-годишниот Грол се врати на сцената порачувајќи: „можеби нема да можам да трчам и одам извесно време, но можам да свирам гитара и да врискам“.

Погледнете ги видеата од инцидентот и настапот на Грол со ногата во гипс.

- Реклама -