Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи има само 17 месеци, а веќе може да се пофали со голема колекција гардероба.
Минатата недела 31-годишната пејачка објави серија фотографии на нејзината веб страна IAm.Beyonce, вклучувајќи и една фотографија со потпетици за бебиња со потписот на Том Форд.
Прекрасната чевличка е облечена на женска нога, претпоставуваме дека тоа е Бијонсе, со розова лента.
Фенси чевличките сигурно се направени специјално за Блу Ајви, но се прашуваме дали ги носи со оглед на тоа колку ексцентрични може да бидат познатите кога се во прашање нивните деца.
Квин Б исто така објави фотографија како доказ дека ја третираат нивната ќерка како кралица.