На 26.09.2018 година во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека истиот ден околу 03.00 часот во куќа во светиниколско село 17-годишник извршил обљуба врз 13-годишно девојче, се наведува во Билтенот на МВР.
По овластување на Јавен обвинител, во просториите на Центарот за социјални работи Свети Николе, во присуство на стручен тим и родител, бил извршен разговор со девојчето.
По документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.