17-годишна девојка од Скопје останала бремена по силување

Илустрација

Скопјанец во ПС Гази Баба пријавил дека неговата ќерка била обљубена од непознато лице и останала бремена.

Овој случај е евидентиран од МВР во денешниот Билтен на дневни настани:

На 31.08.2018 година во 15:30 часот во Полициската станица Гази Баба, 54 годишен скопјанец пријавил дека пред околу четири до пет месеци врз неговата 17 годишна ќерка од страна на непознато лице откако ја пресретнало кај Железничката станица во Скопје, и ја внело во возило, била извршена обљуба. Пријавителот за настанот дознал пред три недели од разговарот со неговата сопруга и со неговата ќерка и дека девојката најверојатно била бремена. Родителите ја однеле девојката на преглед во Гинеколошко-акушерската клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар била констатирана бременост. По наредба на Јавен обвинител над истата и во Судска Медицина направен бил гинеколошки преглед. Се работи на целосно расчистување на случајот.

- Реклама -