Апликација за Apple Watch ви го одбројува времето до смртта

Апликацијата „Life Clock“ е наменета за „Apple Watch“, а го одбројува времето до смртта на корисникот. Имено, апликацијата ги користи податоците за здравјето на корисникот и го проценува траењето на неговиот живот, а потоа започнува да одбројува до смртта.

Времето се зголемува кога корисникот вежба, а се намалува кога на пример премногу малку спие.

Апликацијата ја создаде компанијата “Rehabstudio”, а користи информации кои ги превзема од алатката на Apple, наречена “HealthKit”. Потоа автоматски го одредува животниот век на корисникот врз основа на неговите активности.

Иако оваа апликација на некои можеби ќе им изгледа морбидно, нејзината цел е да го мотивира корисникот да биде активен.

Инаку, Apple Watch на пазарот пристигнува во април.

- Реклама -