Науката повторно се огласи за правилото „5 секунди храна“

Веќе имаме пишувано за правилото „5 секунди храна“, според кое, доколку храната ви падне на подот, безбедно е да ја кренете во рок од пет секунди и да ја изедете.

Оваа теорија неодамна на разработи проф. Ентони Хилтон од Универзитетот Астон, кој сега подетално ги објаснува резултатите од истата.

Прочитај повеќе: Правилото „Пет секунди храна на подот“ е потврдено

Тимот, предводен од Хилтон, ја заврши целата студија која го истражува пренесувањето на најчестите бактерии по подот како E. coli и Staphylococcus aureus во храната. Откако испуштале парче леб, тестенини и бонбони на различни површини, вклучувајќи тепих, ламинат и плочки, научниците успеале да докажат дека „времето игра значајна улога во пренесувањето на бактерија од подот, па врз храната“. Со други зборови – ако ја кренете храната неколку секунди по падот  ќе има помалку бактерии. Други фактори, освен времето, го вклучуваат и видот на подот и влажноста на паднатата храна. Така на пример, помалку е веројатно бактериите од тепихот да се пренесат на сува храна. Ова сепак не важи за влажните јадења, кои паднале на плочките или ламинираните површина. Накратко – шпагети паднати на кујнскиот под? Не ги јадете. Бонбони врз тепихот – 5,4,3,2…може.

food

Проф. Хилтон сепак предупредува: „Конзумирањето на храна, која паднала на подот, носи ризик од инфекции и многу зависи од видот на бактеријата која се наоѓа на земјата.”

Сепак резултатите од истражувањата би требало да донесат некое успокојување на луѓето кои го практикуваат 5-секунди правилото редовно. Излегува дека тие се навистина многу. 87 проценти од анкетираните луѓе од тимот на проф. Хилтон, поткаснуваат храна од подот или би го направиле тоа.

„Нашето истражување покажува дека изненадувачки голем број на луѓе немаат ништо против да консумираат храна падната на земјата.”, заклучува професорот.

- Реклама -