Видео објаснува како Алцхајмеровата болест влијае на мозокот

Нашите знаења за тоа како делува Алцхајмеровата болест се прилично ограничени, пишува Science Alert.

Тоа е толку катастрофална болест, која во исто време има толку малку физички симптоми што е доста тешко да се разбере како всушност нè поразува.

Прочитај повеќе: Уметник со Алцхајмерова болест 5 години црта портрети, додека може да си го препознае лицето

Ова видео сепак го покажува целиот процес чекор по чекор со серија детални анимации. Сето тоа започнува кога два ненормални фрагменти од протеини се собираат во нашиот мозок и започнуваат да ги убиваат мозочните клетки. Болеста започнува во оној дел од мозокот каде што се формираат спомени и за неколку години почнуваат да ја попречуваат можноста на човекот да создава нови сеќавања.

Откако ќе го уништат овој регион, плочите се насочуваат кон друг дел, што е одговорен за јазичните способности. Како резултат пациентот започнува да доживува тешкотии со говорот.

Третата цел е средиштето на емоциите, што пак доведува до губење на контрола врз чувствата и подгрева абнормално однесување.

Протеините постепено влијаат на делот поврзан со сетилата, што доведува до конфузија и халуцинации. Најпосле следува удар кон чувствата за рамнотежа и координацијата. Просечно овој процес трае помеѓу 8 и 10 години, но понекогаш може да биде и побрз.

Научниците постигнуваат успех во раните тестови, но засега нема лек. Затоа споделете го ова видео со секој со кого што можете, бидејќи само сфаќајќи ја подобро оваа тешка болест можеме да се надеваме дека ќе ја излечиме.

- Реклама -