Дури и изнајмувањето на стан во Менхетен е екстремно скапо.Во една од епизодите од осмата сезона на популарната серија „Пријатели“, Џои се обидува да пресмета колку точно пари му должи на Чендлер за тоа што му помагал финансиски во последните три години. Кога ја гледа огромната сума, тој брза да го увери Чендлер дека му простува сè и дека двајцата се квит.
Љубопитен фан сакал да дознае колку точно пари сепак должи Џои, па затоа го поставува прашањето на социјалната мрежа.
Во рамките на 24 часа тој добива одговор.
Пресметката покажува дека Џои должи кирија, сметки и трошоци за храна за 3 години. Тие живеат во Манахетен во убав регион, во стан на горните катови со 2 спални и една бања. Тоа е многу скапа локација за живеење: денес изнајмување на станови како овој би изнесувал 5 000 долари, според Zillow.com. Ако се пресмета и камата на доларот, може да се смета дека во 1997 година киријата би била околу 3 500 долари. Киријата се претпоставува дека се дели на две, па во текот на 3 години Чендлер го плаќал и уделот на Џои, кој е 1 750 долари. Ова создава сума од 63 000 долари само за кирија.
Ако се додадат и трошоците за три години за комунални сметки, кабловска телевизија и задоволување на неугасливиот апетит на Џои, износот веќе отскокнува енормно многу. Ако биде вклучено сè, тој би изнесувал повеќе од 100 000 долари.
Дури и за пријател, тоа се трошоци кои едноставно не можат да бидат игнорирани. Човек едноставно се прашува зошто Чендлер му овозможува на Џои да живее до таков степен на негов грб? Еве каков е одговорот на прашањето, според друг корисник на Reddit:
Затоа што се П*Р*И*Ј*А*Т*Е*Л*И.