Рецепт за ултра-меки палачинки

Иако подготовката на смесата за палачинки изгледа како еден од наједонставните кујнски потфати, сепак, ваквата задача за многумина изгледа како вистинска главоболка. Меки и пенести палачинки е тешко да се постигнат доколку немате добра тава и совршен рецепт.

Состојки:

– 3 јајца
– 250 г. брашно
– 350 мл. млеко
– 1 дцл минерална вода
– малку сол
– 2 лажици масло
– половина лажичка рум

60856525

Подготовка:

1. Пенесто заматете ги јајцата, се додека не добиете густа хомогена смеса. Додадете масло, па млеко, и измешајте.

2. Со континуирано мешање додавајте го постепено и брашното, а потоа додадете и прстофат сол. На крајот ставете и малку рум, колку смесата да добие арома, но и за да го спречите впивањето на маслото.

3. Доколку смесата ви изгледа густа, разредете ја со минерална вода.

- Реклама -