Мудростите што Чарли Чаплин му ги подари на човештвото

За својот седудесетти роденден, на 16 април 1959 година, Чарли Чаплин му подари на човештвото многу мудрости.

Обидете се да усвоите барем дел од нив, и да го разубавите својот живот.

1. Кога навистина започнав да се сакам себе си, сфатив дека болката и емоционалното патење се предупредувања што ми говорат дека моментално живеам спротивно од своите вистини. Денес, знам дека тоа се вика да се биде веродостоен.

2. Кога навистина започнав да се сакам себе, сфатив колку може да биде навредливо кога се обидувам да натерам некого да го прави она што јас го сакам, иако знам дека моментот не е вистинскиот и таа личност не е подготвена, па дури и тогаш кога јас сум таа личност. Денес, тоа го викам почит.

3. Кога навистина почнав да се сакам себе си, престанав да мечтаам за некој друг живот и можев да видам дека она што ме окружувало, всушност било повик да пораснам и да се развивам. Денес, тоа го викам зрелост.

ml0027

4. Кога навистина почнав да се сакам себе, сфатив дека под било кои околности секогаш сум бил на вистинското место, во вистинско време и дека се’ се случува во вистинскиот момент. Така можев да бидам мирен. Денес тоа го викам самодоверба.

5. Кога навистина почнав да се сакам себе, престанав самиот на себе, да си крадам од своето време, и престанав да правам грандиозни проекти за иднината. Денес го работам само она што ми носи радост и среќа. Работам нешта што ги сакам и што го веселат моето срце, а го правам тоа по сопствено темпо. Денес, тоа го нарекувам едноставност.

6. Кога навистина започнав да се сакам себе си, се ослободив од сето она што не беше здраво за мене: од храна, луѓе, ситуации и се’ останато што ме влечеше кон дното, а подалеку од мене. На почетокот тоа го викав „здрав егоизам“, но денес знам дека е тоа љубов кон самиот себе.

still-life-photography30

7. Кога навистина започнав да се сакам себе си, престанав да очекувам да бидам секогаш во право, така помалку грешев. Денес, сфатив дека тоа се вика скромност.

8. Кога навистина почнав да се сакам себе си, се одреков од навиката да живеам во минатото, и да се грижам за својата иднина. Сега, живеам за моментот што се случува. Така живеам секој ден, и тоа го нарекувам исполнување.

9. Кога навистина започнав да се сакам себе си, разбрав дека мојот ум може да ме побудали и од некои мои мисли можам да се разболам. Но, штом започнав да го користам своето срце, мојот ум доби скапоцен сојузник. Денес оваа врска ја нарекувам мудрост на срцето.

Still-LIfe-photos-1

10. Нема потреба да се плашиме од расправии, соочување, ниту било каков проблем, бидејќи и ѕвездите понекогаш се удираат, па од тој судар настанува некој нов свет. Денес, знам дека тоа се нарекува живот.

Мисла на денот

Чарли Чаплин

- Реклама -