16-годишно девојче од Виница на 14.12.2017 пријавила дека била силувана од 18-годишен сограѓанин.
Истиот случај е евидентиран и во денешниот полициски билтен:
На 14.12.2017 година било пријавено дека истиот ден во претпладневните часови во Виница на градскиот стадион У.Ќ.(18) од Виница извршил кривично дело „силување“ над 16 годишна малолетничка. Имено, околу 7:30 часот истата заминала на настава во средно училиште, од каде за време на одморот, У.Ќ. насилно ја однел кај стадионот и побарал да остане во Виница со него, и да не оди во Германија. Откако малолетничката се спротивставила, истиот и ги врзал рацете, нозете и устата со фластер, по што го извршил кривичното дело. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кочани. По наредба на Јавен обвинител, У.Ќ. бил лишен од слобода и задржан во ПС-Виница. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.