Кога работите ќе тргнат во погрешен правец: ТВ водител несакајќи се запали сред емисија

Луис Рикардо, водителот на едно популарно телевизиско шоу за деца во Бразил, беше приморан да ја напушти сцената откако неговиот трик со оган заврши ужасно лошо.

Сакајќи визуелно да им покаже на децата како овој трик се изведува, тој ја наполнил устата со поголема количина на запалива течност од потребната. Дувајќи во оганот тој снемал повеќе воздух, па течноста која му останала во устата продолжила да гори. Во обид да ја исплука Рикардо ја запалил и својата облека, по што оганот се проширил по неговата глава и низ студиото.

Дел од публиката останала во бунило не сфаќајќи дали станува збор за дел од комичниот акт, или пак настанал вистински проблем. Рикардо бил веднаш префрлен во болница, а детската емисија „Programa do Ratinho“ била довршена од страна на ко-водителите.

- Реклама -