Неверојатнo видео: Извлекоа три бебиња од мртва ајкула и ги вратија назад во морето

Ова видео е одличен пример за почитта која треба да ја имаме кон сите форми на живот.

Според описот на YouTube корисникот кој го објави, оваа жена од Јужоафриканската Република наишла на мртва ајкула шетајќи по плажата. Забележувајќи чудни движења во пределот на нејзиниот стомак, таа заклучила дека е бремена. Со помошта на еден од случајните минувачи кој во тој момент се нашол на плажата, одлучиле да ја расечат нејзината утроба и да се обидат да ги спасат бебињата. За среќа, сите три мали ајкули беа живи, и безбедно извадени од стомакот, па ги пуштиле назад во водата.

Ова видео е навистина неверојатно, а луѓето кои доброволно го изведоа овој зафат заслужуваат огромна почит.

- Реклама -