Маж на возраст од 24 години, од Авганистан побарал помош во болницата во Ахен, откако на лекарите им рекол дека со години страда од главоболка, настинка и слаб вид. Тој веднаш бил прегледан со скенер и било констатирано дека во синусите имал десет сантиметри долго пенкало, кое успеало да му го повреди десното око.
Неименуваниот маж рекол дека не знаел за пенкалото, но се сетил дека како дете доживеал голем пад.
Тој оздравел , откако Германските лекари го извадиле пенкалото од неговара глава.
Неговиот случај иако датира од 2011 година, неделава за прв пат бил претставен пред јавноста на една медицинска конференција.