L’amour dure trois ans (2011), во превод „Љубовта трае три години е француска филмска приказна според роман,што говори за емоциите и егото.
Марк Мароние – мажот, во кого што би се заљубила секоја жена, страда. Од женски агол интересно е да се види како господин „совршен“ порано или подоцна открива дека љубовта е пат, трпение, споделување и многу често – тест. Иако се работи за романтичен филм, може да се каже дека се избегнати бескрајно патетичните клишеа од холивудските романси, а ликовите кои се обработени се асоцијација со книгите – тешки за читање, но длабоки и поучни.
„Љубовта трае 3 години“ е филм за машкото его, поставено пред дилема – дали ќе успее да го побие тврдењето дека љубовта трае 3 години? Дали насмевката и шармот на Алис се посилни од желбата за освојување и напуштање? Дали навистина во денешно време љубовта е неодговорена СМС порака?
Интересно е да се набљудува од другата страна, од земјата на машкото страдање.
Доколку не ве закопкавме доволно, за да го погледнете – еве и мала најава и неколку информации.
Жанр/романса, комедија