Американци за прв пат пробуваат сарма, шопска и ќебапи

Момците од познатата интернет страница Buzzfeed решија да направат интересен експеримент кој се состои во тоа што тие пронаоѓаат сосема случаен странец, кој ќе ги одведе на ручек со храна која е традиционална за неговата земја.

Изборот паднал на Милан, Црногорец кој живее во Америка уште од 1987 година. Тој ги однел на ќебапи, бурек и сарма, а нивните реакции беа навистина интересни.

Со огромно воодушевување се сладеа со специјалитетите кои преовладуваат на овие простори, и воедно не потсетија и на добрата страна од турското влијание.

- Реклама -