Што говорат за нас омилените книги?

Според експертите нашите омилени книги зборуваат многу повеќе за нашиот идентитет, отколку што можеме да замислиме. Често, кога го менуваме жанрот, тоа ја издава промена во расположението или доаѓањето на одредена фаза од нашите животи.

Но како целина секогаш се враќаме на своите омилени. Кога читаме, ние се наоѓаме во друг, алтернативен свет. Токму изборот на оваа алтернатива (книгата) е поврзан со психата и суштината. Дознајте каков тип сте вие ​​според вашите омилени книги.

Криминални романи и трилери: Вие сте зависници од возбуда и aдреналин. Ја мразите здодевноста во секојдневниот живот и преку книгите ги барате своите мали авантури кои што ќе ве натераат да се чувствувате живи. Тоа не значи сепак дека сте екстремисти, со оглед на тоа што преферирате опасностите да се иреални, имено врз страниците.

Љубовни романи и приказни: Тоа се два различни жанрови, но имаат многу заедничко. Читателите на овие книги се романтични души, луѓе кои сонуваат, но не и наивни жртви на нечесниот свет. За нив е важно е да се разликува реалноста од фикцијата.

Класична литература: Не може секој да го доживее Достоевски, но и оние кои ја сакаат класиката, се природно интелигентни и многу, многу начитани. Тие се одликуваат исто со развиена имагинација, остар ум и непогрешлива интуиција. Обично во реалниот живот се лидери и личности, чиј што збор секогаш се слуша.

Фантазија и научна фантастика: Читателите на фантастика се луѓе отворени кон новости и иновации, сакаат нови перспективи, љубопитни се и толерантни. Тие се откривачи, умни личности кои секогаш се истакнуваат со сјајна логика и креативност.

Научна и документарна литература: Луѓето кои го читаат овој вид книги и тоа не по обврска, се интелигентни и сакаат да истражуваат. Често тоа се луѓе кои живеат само и единствено во реалниот свет и го отфрлат сето она што не е објаснето од науката. За нив фикцијата е лага и можат да бидат многу тврдоглави, а понекогаш и ограничени.

- Реклама -