Превкусни енергетски коцки без печење, од само три состојки

Досега во неколку наврати сме ви покажале брзи рецепти за енергетски коцки од само неколку состојки. Забележувајќи го вашиот интерес за истите, овој пат ви прикажуваме нови енергетски коцки, кои освен што се прават од само три состојки (не сметајќи ја солта), се подготвуваат за само неколку минути. Најдоброто од се е што освен што се премногу вкусни, тие се и навистина здрави и даваат енергија. Одличен начин да го започнете вашето утро.

Овој рецепт е наменет за околку петнаесетина енергетски коцки:

2014-06-24-PB-Bars-6

Состојки:

– 1 и пол чаша несолени кикирики
– 1 и пол чаша сушени урми
– 1 чаша грубо исецкано темно чоколадо
– 1 „прстофат“ сол

При подготовката ќе ви биде потребна и една мала, правоаголна тава, како и хартија за готвење која ќе го покрива нејзиното тло.

Подготовка:

1. Ставете ги кикириките, урмите и солта во блендер, и притиснете околку 5-6 пати, се додека состојките не се раситнат добро и не се соединат. Меѓу мелењето, кренете го капакот бидејќи е голема веројатноста дека на него ќе имате залепени парчиња од урмите, вратете ги назад во „зоната“ за сецкање, и продолжете.

2. Половина од искршеното чоколадо додадете го во блендерот (половина задржете го за подоцна), и промешајте уште 2-3 пати додека да се соедини со смесата од кикирики и урми.

2014-06-24-PB-Bars

3. Префрлете ја добиената мешавина во тавата, и цврсто притиснете ја со вашите дланки за тлото.

4. Остатокот од чоколадото растопете го и со неа прелијте ја смесата. Оставете ја тавата во фрижидер да преноќи.

5. Додека смесата е се уште во тава, пресечете ја на 15 еднакви коцки. Можете да ги чувате во тавата или едноставно да ги завиткате во фолија поединечно. Чувајте ги во фрижидер за да ја задржат нивната цврстина, а воедно и свежина.

2014-06-24-PB-Bars-3

Совет:

Доколку сакате да имате поинтензивен вкус на кикириките, пред да започнете со приготвувањето на рецептот ставете ги во загреана рерна на 200°, и оставете ги во неа неколку минути додека да добијат златеста боја. При печењето промешајте ги неколку пати за да не загорат. Оставете да се изладат и започнете со подготовката за енергетските коцки.

2014-06-24-PB-Bars-5

- Реклама -