По повод роденденот на Џон Ленон

Џон Винстон Ленон, МБЕ (подоцна Џон Оно Ленон) е роден на 9 октомври 1940, починал на 8 декември 1980. Тој е познат како пејач, композитор и гитарист на Битлси.

Неговата креативна кариера содржи и епизоди во кои Ленон може да се опише како политички активист, уметник, актер и писател. Дел е од тимот Ленон-Мекартни, можеби најуспешното кант-авторско дуо во историјата на рок-музиката.

Истовремено, во својата соло-кариера, Ленон останува запамтен и како автор на Imagine и Give Peace A Chance, две од најпознатите песни на дваесетиот век. Тој е една од големите музички икони на дваесетиот век.

Негова жена е Јапонката Јоко Оно од 20 март 1969 година до 8 декември 1980 година, кога Ленон е застрелан од еден негов психички пореметен обожавател, Марк Дејвид Чепмен, во Њујорк.

220px-Lennons_by_Jack_Mitchell

Во 2002 година, според анкетата 100 Најголеми Британци на Би-Би-Си Ленон е рангиран на осмото место. Во 2004 година, списанието Rolling Stone го прогласува Ленон за 38 најголем музичар на сите времиња на својата листа “Бесмртните: Педесетте најголеми уметници на нашата епоха”. На истата листа, Битлси го заземаат првото место.

- Реклама -