Куќата во која ќе живееш утрe

Еден постар градежник решил дека е дојдено време да се одмори од долгите години работа и му рекол на својот претпоставен, дека се повлекува во пензија. Директорот сепак го замолил да остане уште малку и да  изгради една последна куќа, како  услуга.

Ова барање воопшто не му се допаднало  на градителот, но и покрај тоа се согласил и започнал со работа.

Не внимавал на деталите и користел полоши материјали, па било очигледно дека е сосема без волја. Како резултат куќата „изникнала“ многу нестабилна. Кога изградбата завршила, дошол шефот, ја отворил вратата на новата куќа, се свртел кон градител и му рекол:

– Оваа куќа е за тебе. Таа е мојот подарок за мојот најдобар работник! Мајсторот замолкнал. Во умот, ни за миг не му поминала таа мисла.

Се налутил на себе си: ако знаел дека ја гради сопствената куќа, ќе вложел многу повеќе напор во неа. Можел да ја направи поинаква, поубава, постабилна …

Истото се случува и со нас. Сите ние го градиме сопствениот живот – секој ден, секој час, секој миг. Но често вложуваме во него помалку од она на што сме способни. И потоа сме шокирани и срамежливи кога ќе  разбереме дека треба да живееме во куќата, која самите сме си ја изградиле.

- Реклама -