Најопасниот пат во светот исчезнува под вода за неколку секунди

Ова е Passage du Gois.

Патот го поврзува островот Ноармутиер со копното на францускиот департмент Венде. Два пати на ден,  за час или два,  плимата се повлекува и алејата е достапна за сообраќај. Во остатокот од денот патот останува под речиси 4 метри вода и не може да се користи.

Иако слични патишта постојат и во други места во светот, единственоста на Passage du Gois се крие во неговата должина – 4,5 километри. Во 18 век алејата била многу долга, бидејќи старите насипи се изградени подалеку од брегот. Во минатото единствениот начин да се достигне островот Ноармутиер бил со чамец. Тогаш заливот можел да биде поминат и пеш за време на одлив. Всушност, името Gois доаѓа од глаголот goiser, што значи да чекориме и да си ги топиме чевлите.

Над илјада години двете струи од север и југ го удираат заливот, што доведе до таложење на тиња, која формира нешто како природен пат низ водата. Подоцна тој е дополнет со песок, а потоа и со калдарма. Во 1840 година по него веќе можат да минуваат и возила, а во 1971 година е изграден мост кој го поврзува островот со континентот.

И денес преминувањето на овој пат сепак се смета за опасно. Иако плимата е точно означена од двете страни на мостот со големи знаци, водата доаѓа со неверојатна брзина. Спасувачките кули се наоѓаат низ целата површина на преминот за оние кои се заробени помеѓу приливите.

За време на одливот стотици туристи и локални жители се шетаат по калдрмата. Во 1999 година Passage du Gois е употребен и за  велосипедската трка Tour de France.

- Реклама -