Еден татко имал четворица синови.
Тој сакал да им ја предаде мудроста што ја собрал во текот на годините и да ги научи да не судат избрзано за работите од животот.
Кога момчињата пораснале, нивниот татко решил да им даде лекција. Ги испратил секој од нив во различна сезона да набљудуваат едно дрво со крушки кое што се наоѓало подалеку од нивниот дом.
Откако сите момчиња ја исполниле својата задача и се вратиле назад дома, татко им ги собрал заедно и ги замолил секој од нив да опише што точно видел.
Најстариот син бил кај крушевото дрво во зима. Тој споделил: – Дрвото изгледаше ужасно, а неговите гранки беа оковани во лед и снег.
Вториот син отишол на пролет. Тој не се согласувал со својот брат и рекол: – Дрвото беше свежо и зелено, штотуку заживуваше, му се радуваше на животот и изгледаше полно со ветувања.
На третиот брат се паднало да го посети дрвото во текот на летото. Тој раскажал- Дрвцето беше претрупано со боја и зрачеше со слатка арома. Останав фасциниран од глетката и мислев дека не сум видел поубаво нешто во животот.
Најмалиот брат бил кај дрвото на есен. Тој изјавил: – Вие грешите. Дрвото беше целосно созреано и дури започнуваше веќе да се распаѓа, но тоа даваше некое чудно задоволство.
Откако ги слушнал своите синови, таткото се насмевнал и рекол: – Вие сите до еден имате право, бидејќи секој од вас видел само една од сезоните во животот на ова дрво, само едно расположение . Никогаш веќе не судете за дрво или човек поради еден момент кој што сте го виделе. Задоволството, радоста, љубовта и мудроста што ја дефинираат суштината на животот, може да се мери само кога поминале сите сезони и преживеале различни ситуации. Ако се сметате за победени во зима, можете да закрепнете во пролетта, да не го видите шармот на летото и да не го почувствувате задоволството на есента, бидејќи само константноста може да донесе подобро утро.