Една од најпопуларните и највкусните летни плодови е несомнено, лубеницата. Со ниско ниво на калории и богата со А и Ц витамини, лубеницата е Вашата дневна доза здравје. Ако сакате да дознаете кои се останатите придобивки од лубеницата, прочитајте во прилог.
- Лубеницата го зголемува капацитетот на мозокот (како одличен извор на Б6 витаминот кој е од витално значење за човечкиот мозок комбиниран со сличниот процент на вода е добитна комбинација).
- Лубеницата е содржана од вода (дури 91,5% вода што значи дека обезбедува хидратација во текот на целиот ден).
- Лубеницата содржи околу 40% ликопен, повеќе од суровите домати (што значи дека овој пожелен антиоксиданс помага да го подобрите Вашиот имунолошки систем).
- Лубеницата е добра за Вашите очи (витаминот А ја храни енергијата на Вашиот вид и ги штити очите од разни инфекции).
- Сокот од лубеница може да ги намали болките во мускулите (одличен избор по тренинг, затоа што истата важи за извор на цитрулин кој помага да се подобри функцијата на артериите и да се намали крвниот притисок).
- Лубеницата помага при губење на тежината (вкусен и скромен начин да се одлободите од килограмите, преку минерали и вода).
- Лубеницата штити од УВ зраци (богата со ликопен и каретоноид пигмент чии својства се вистински антиоксиданси. Штити и од изгореници и рак на кожа).