Песната која вечно се поврзува со „Војната во Виетнам“, отсвирена на пијано

„Куќата на изгрејсонцето” (на англиски : ““The House of the Rising Sun” ), исто така позната како „Блуз на изгрејсонцето” е народна народна песна од САД .

Првите податоци за песната датираат од почетокот на 20 век, а  првите снимени верзии се од источниот дел на Кентаки . Најстариот сочуван запис е исполнувањето на Кларенс Ешли и Гвен Фостер од 1933 година. Според самиот Ешли, тој ja дознал песната од својот дедо.

Tаа ја достигнува најголемата популарност во 60-тите години кога е изведена од страна на Animals  и Боб Дилан, па се смета дека била најслушаната песна за време на војната во Виетнам и многумна ја поврзуваат со тој дел од историјата на Америка.

Всушност изведбата на Енималс од  1964 година е  најпопуларната верзија на песната . Во оваа варијанта таа го достигнува првото место на топ листите за синглови во Велика Британија и САД и станува најпознатата песна на групата. Во наредните години различни изведувачи прават свои верзии, но ниту една не ја стигнува нивната популарност.

Попатно пронајдовме верзија од ова музичко парче, одлично отсвирено само на пијано.

Доколку свирите, ова може да биде туторијал предизвик за вас, доколку не – уживајте во изведбата.

- Реклама -