Конечно: Смешна и интересна реклама за влошки

Кога луѓето велат „глуми додека навистина не го добиеш тоа што го сакаш“, обично не мислат на менструација.

Но, во урнебесната реклама на „HelloFlo“ наречена „First Moon Party“, девојче одлучува да ги излаже нејзините најблиски дека го добила нејзиниот прв месечен циклус. За жал, не успева да ја измами и нејзината мајка, која одлучува да ја научи на лекција на еден необичен, смешен начин.

Погледнете ја интересната реклама која за разлика од оние на кои сме веќе навикнати, со девојки кои весело танцуваат додека нивните влошки се исполнуваат со сина течност (?), опфаќа еден целосно поинаков и покреативен аспект.

- Реклама -