Ако мислите дека сите библиотеки се исти, размислете повторно. Ширум светот има такви библиотеки од кои што може да им „падне вилицата“ на сите љубители на книгите.
Тие се создадени така што гледајќи ги помислувате дека се достојни да издржат децении, па дури и векови на знаење, приказни за раскажување и креативност.
Некои од овие библиотеки се чудесни историски и древни, додека други модерни и создадени со многу вкус. Овие библиотеки кај сите ќе создадат чувство на стравопочит и чудо што се подеднакво опфатени во страниците скриени под мистичните корици.
Liepzig Универзитетска библиотека, Германија
Била изградена уште во далечната 1542 година. Сепак, во Втората светска војна оваа библиотека била речиси уништена, но реставрирана и подобрена во 2002 година.
Државната библиотека на Нов Јужен Велс, Австралија
Ова е всушност најстарата библиотека во цела Австралија, изградена во 1910 година. Оригиналните изданија на Џејмс Кук, британскиот истражувач, се чуваат во оваа крило. Целата библиотека има повеќе од 5.000.000 полици, на кои лежат 2.000.000 книги и повеќе од 1 милион фотографии.
George Peabody, библиотека, САД
Таа била отворена во 1878 година и има свои карактеристики кои наликуваат на кралска и елегантна свадбена торта.
Хаеинса храм, Јужна Кореја
Овој храм е Светско наследство на УНЕСКО, бидејќи тој чува дузина будистички текстови, одсноно 6568 тома на текст. Библиотеката била изградена за да се заштити ова наследство.
Јавната библиотека на Њујорк, САД
Ова прекрасно архитектонско дело е изградено во 1911 година и сега има 15 милиони книги кои се движат од средновековни ракописи до легендарни дела .
Sainte-Genevieve, Франција
Henri Labrouste го дизајнирал ова фасцинантно парче од архитектура во 1843 година.
Малатеста библиотека, Италија
Оваа библиотека е толку античка што била подигната пред откривањето на печатарството. Таа е најстарата јавна библиотека во земјата, која што датира од 15 век. Во рамките на овие ѕидови се зачувани 341 рачно печатени кодекси оригинално заклучени со железо. Во оваа библиотека е вклучена и личната библиотека на папата Пиус VII.
Кордрингтон, Англија
Таа е дом на 185.000 тома, а една третина од тие текстови биле испечатени пред 1800-тата година.
Библиотека во Националниот дворец, Португалија
Кралот Жоао V ја наредил изградбата на ова ремек дело во 18 век. Во рамките на овие ѕидови се наоѓаат 35.000 врзани книги од 14-ти до 19 век. Она што ја прави оваа библиотека дури и повеќе од уникатна е тоа што им е дозволено на лилјаците да живеат во оваа област.Имено тие ја чуваат литературата, штитејќи ја од разните инсекти.
Тринти Колеџ, Ирска
Библиотеката на овој колеџ има илјадници прекрасни и ретки книги вклучувајќи ја и “Book of Kells”.
Страхов, Прага
Оваа прекрасна архитектура е создадена во 1679 година . Во Страхов библиотеката живеат 18, 000 теолошки книги. Таа е препознатлива и по фасцинантните фрески на таванот кои што биле насликани од Siard Nosecký во 18-иот век.
Abbey library, Швајцарија
Оваа библиотекае една од најважните монашки библиотеки на планетата. Некои ракописи во рамките на своите полици за книги датираат од осмиот век. Оваа библиотека е во наследство на УНЕСКО.
Јоанина библиотека, Португалија
Оваа библиотека е исто така е под будното око на лилјаци. Таа чува 250.000 тома книги од лекови и географија, до историски теми, па дури и граѓанско и канонско право.