Најпосле одговорено: Зошто не си го гризаме јазикот додека јадеме?

На секој од нас ни се случило да се гризнеме за јазикот додека јадеме, но тоа е „грешка во системот“.Научниците објаснија зошто тој „несреќен случај“ не се случува постојано.

Истражувачите утврдиле дека движењето на мускулите во вилицата и јазикот е регулирано со посебни, моторички неурони, кои ги „управува“ друга група неурони, таканаречени премотор неурони. Сепак, за сега не е дефинирана природата на тие врски.

Едвард Станек IV, лидер на истражувањето, тврди дека џвакањето е активност која што свесно ја контролираме, но доколку престанеме да обрнуваме внимание на самиот процес, неуроните во мозокот ја превземаат таа функција. Ова истражување е само мал чекор во разбирањето на контролите над тие движења.

Станек открива дека се проучени само два мускула и потсетува дека има уште најмалку 10 активни во процесот на џвакање, пиење и зборување.

- Реклама -