Кој е човекот од легендарната слика, кој сам стои пред кинеските тенкови? (ВИДЕО)

Пред 25 години, на 5-ти јуни 1989 година, еден демонстрант го блокираше патот на колоната од тенкови на плоштадот Тјенанмен во Пекинг и стана симбол за храброст и непокор на цела една генерација.
Сепак, за овој човек кој во текот на годините стана познат како „Човек тенк“, „Непознат бунтовник“ и „Непознат демонстрант“ не се знае многу.

Некои медиуми објавиле дека неговото име е Ванг Вајлин, но вистината на наодите никогаш не е потврдена. Новинарската агенција од Јужна Кореа „Jonhap“ во 2006 година објавила дека Ванг Вајлинг е псевдоним и дека демонстрантот по масакарот преку Хонг Конг избегал во Тајван.

Она што е познато за него се неговите акции снимени на камера на тој историски ден.

Тој стоел сам пред колона од тенкови кои се движеле по Големата авенија на вечниот мир откога кинеската армија убија стотици студенти кои излегле да демонстрираат. Тенкот на чело на колоната се движел напред-назад, обидувајќи се да го заобиколи, но тој се потпрел на него и разговарал со еден од војниците во него.

На крајот, двајца мажи го одвекле на раце. Остана нејасно дали тоа биле членови на полицијата или безбедносните сили, или само луѓе кои стоеле во близина и се плашеле за неговата безбедност.

Во април 1998 година, Тајм го воведен „Непознатиот бунтовник“ во листата на 100 највлијателни луѓе на 20-тиот век.

- Реклама -