Направете си едноставна привремена фурна за пица

Речиси и да нема човек кој не обожава пица. Овој познат италијански рецепт е одлична идеја во секоја можна комбинација, а уште доколку е приготвен во фурна, е тогаш е вистинско совршенство. Но, ретко кој има сопствена фурна.

Иако оваа инвестиција е навистина бесценета, сепак, постојат бројни фактори порди кои повеќето луѓе ја немаат (финансии, простор и сл.). Во секој случај, доколку сте страстен љубител на пицата, штета е да ја немате, па ви прикажуваме една навистина практична идеја за привремена импровизирана фурна.

Доколку викендот кој претстои ви е слободен, обидете се да ја изградите, и да си ја приготвите совршената пица. Но внимавајте, доколку не ја вртите постојано пицата, тестото може лесно да загори.

Видеото подолу детално ја објаснува постапката за градење.

- Реклама -