Мачка беше пронајдена до огласот за сопственото исчезнување

Збунета мачка како намерно да го изнасмеа светот, откако застана на прозорецот точно до нејзината фотографија од огласот за исчезнато животно.

Смешната сцена била фотографирана од минувач кој поминувал покрај куќата на нејзините сопственици, фармери  во Кардиф.

На крајот се покажало дека мачката на огласот не била во бегство, туку  очигледно едноставно исчезнала на  некое време, па сопствениците ги фатила паника.

Како и да е, фотографијата стана огромен хит во социјалните мрежи, пишува Mirror.

0809313001399319529_26794_600x458

 

- Реклама -