n/t x r6/(r3 – 15)2 ?

Не е згрешена фотографијата, ова е формулата за пица.

Ма­те­ма­ти­ча­ри­те од Уни­вер­зи­те­тот „Ше­филд“ тврдат де­ка со по­мош на нив­на фор­мула, ко­ја вклу­чу­ва про­пор­ци­о­нал­ност, мо­же да им обез­бе­дат на љу­би­те­ли­те на пицата по­до­бар ба­ланс на мас­тра­фот и ко­рата, и со тоа се­кој за­лак би бил пов­ку­сен.

Док­тор­ка­та Еу­ге­ни­ја Ченг ве­ли де­ка оваа фор­му­ла ќе им по­мог­не на љу­би­те­ли­те на пица, нив­на­та оми­ле­на хра­на да не им за­го­ри и да би­де до­вол­но пе­чена, пи­ца­та да сод­ржи по­ве­ќе сос­тој­ки и по неј­зин со­вет да би­дат по­доб­ро рас­по­ре­дени.

Ченг ве­ли де­ка при фор­ми­ра­ње­то на оваа фор­му­ла е зе­ме­но пред­вид кол­ку вку­со­ви лу­ѓе­то мо­жат да по­чув­ству­ва­ат од еден за­лак. Овој тим на­уч­ни­ци пресме­тал де­ка про­се­чен за­лак пи­ца со преч­ник од 28 сан­ти­мет­ри има де­сет от­сто по­ве­ќе сос­тој­ки на врвот от­кол­ку про­се­чен за­лак пи­ца од 35 сан­ти­метри.
Тие ис­то та­ка дош­ле до зак­лу­чок де­ка лу­ѓе­то што пра­ват пи­ца во до­маш­ни ус­ло­ви се во опас­ност да ја ра­си­пат ве­че­рата, та­ка што ќе ста­ват прем­но­гу сос­тој­ки на сре­ди­на­та на пи­ца­та и по­ра­ди тоа тес­то­то ќе би­де „влажно“.
Док­тор­ка­та Ченг об­јас­ну­ва де­ка го­ле­ми­на­та на пи­ца­та е об­рат­ноп­ро­пор­ци­о­нал­на со де­бе­ли­на­та на ко­рата, па за­тоа на по­го­ле­ми­те пи­ци ко­ра­та им е по­тенка. Таа поч­на­ла да ја соз­да­ва оваа фор­му­ла от­ка­ко еден син­џир рес­то­ра­ни ја ан­га­жи­рал да ут­врди по­ра­ди што нив­на­та пи­ца од 35 сан­ти­мет­ри е по­ве­ќе ба­ра­на од онаа од 28 сан­ти­метри. Се ут­врди­ло де­ка тај­на­та е во тен­ка­та и крцка­ва ко­ра и во ба­лан­сот на де­бе­ли­на­та на тес­то­то и мас­тра­фот.

– Се­ко­гаш ба­рам но­ви на­чи­ни да ја спо­јам хра­на­та со ма­те­ма­ти­ка­та би­деј­ќи тоа се мо­и­те две оми­ле­ни ра­боти. Се­ко­гаш се оби­ду­вам да им по­ка­жам на лу­ѓе­то де­ка ма­те­ма­ти­ка­та е неш­то што во го­ле­ма ме­ра ни го об­јас­ну­ва све­тот и тврда­м  де­ка таа мо­же да го об­јас­ни се­то она што се­га го об­јас­ну­ва­ме со тоа што сме има­ле чув­ство во сто­ма­кот де­ка неш­то ќе се слу­чи – из­ја­ви­ла Ченг.

Иа­ко мо­же­би оваа фор­му­ла не е неш­то осо­бено, лу­ѓе­то во рес­то­ра­нот ка­де што би­ла ан­га­жи­ра­на док­тор­ка­та се мно­гу за­до­волни.
– Се­га се­ко­ја на­ша пица, от­ка­ко ќе се ста­ви пре­лив, уш­те ед­наш оди на кон­трола, со цел сос­тој­ки­те да би­дат по­доб­ро рас­по­ре­де­ни и да се избегнат ме­у­ри од воз­дух во тес­тото, а пи­ца­та ста­ну­ва сѐ по­и­де­ал­на – ве­ли ме­на­џер­ка­та на рес­то­ра­нот.

- Реклама -