Јади или ќе дојде Баба Рога

Сигурно како мали сте мразеле некоја манџа или јадење, па вашите родители ви се заканувале за ја изедете.
Од една страна тоа е дел од нашите животи и навистина вродило со плод во бројни случаи, но од друга страна има и психолози кои тврдат дека заканите од типот „Ќе ти дојде Баба Рога“, можат да предизвикаат последици кај децата, бидејќи тие замислуваат монструм од кој што навечер имаат ноќни кошмари. Но, ако започнеме дебата на темава, сигурно па во полза на одбраната би следувало дека едновреме на овој начин детето стекнува одредени навики, а воочува добро и зло на полезен начин. А можеби има и друг начин?

Како и да е доволно поткопавме за да ви отвориме тема на мислење и истражување, а дотогаш да се потстиме:

– Во оваа чинија има цел еден град на кој што му е потребно спасување, а во секоја лажица тие се возат на безбедно – во твојот стомак. Па, ако не изедеш се, сите тие деца ќе се замрзнат.

– Не оставај ништо во чинијата, си ја оставаш среќата.

– Ќе ти дојде Црниот Нерт и ќе направи супа од човечињата.

– Јади и не зборувај додека јадеш, несреќно ќе се омажиш/ожениш.

– Ќе ти дојде тоа чудовиштето што го гледаше на телевизија, ако не изедеш се.

– Нема да добиеш пакетче од Дедо Мраз, зошто не си бил послушно дете.

– И класика, ќе ти дојде полицаецот…

Ова со полицаецот кога ќе размислите, навистина не е добро да го применувате во ниту еден случај, бидејќи навистина ако му притреба на вашето дете помош на улица, можеби ќе му биде страв да се обрати. Децата треба да знаат дека тие се тука за нашата безбедност.

Се сеќавате ли на вашите стравови?

- Реклама -