Oд каде потекнува денот на шегата?

Една од најраспространетите верзии за тоа од каде се појавил овој ден е поврзана со фактот дека многу земји некогаш го славеле 1-ви април  како пролетна рамноденица. По тој повод се правеле бучни  забави кои биле придружени со многу шеги и мали пакости.

Друга прилично распространета верзија е поврзана со преминувањето кон Грегоријанскиот календар, воведен во 1582г.  Според оваа верзија,  Нова година се славела во средниот век не на 1 јануари, туку на крајот на март, пред 1563-1564г.

Имено, Кралот Чарлс Деветти (King Charles IX) направил реформа на календарот во Франција. Затоа, новогодишната седмица  започнувала на 25 март и завршува на 1 април. Новогодишните празници тогаш исто биле повод за големи и бучни веселби. Празникот станал широко распространет во 18-тиот век. На овој ден било прифатено луѓето да се шегуваат едни со други и да си прават безмислени и забавни шеги.

Најпознатите првоаприлски шеги, кои веќе се класифицирани во првите 100 на шегите  на сите времиња (The Top 100 April Fool’s Day Hoaxes of All Time), се: падот на кулата во Пиза, репортажата за летање на пингвини, слетување на НЛО во Лондон, промена од децималниот систем за мерење на времето , промена на бројот Pi од 3,14 до 3,0 и многу други.

- Реклама -