Паметен рецепт за печење: Трик со кој секоја риба ќе остане сочна

Во подготовката на риба во рерна еден од главните проблеми е како да се сочува нејзината структура од рибно месо од сушење и да се избегне залепувањето на дното на тавата.

Во тоа помага супер трикот кои е и основа за подготовка за рецепт на печен ослиќ во кора, а со кој може да се подготви за печење на било кој тип на риба.

Состојки:
– 800гр филети од ослиќ
– 1 лимон

Кора:
– 150 гр тост
– 40 гр рендано биено сирење
– 50 мл маслиново масло
– 1 лажица сечкан магдонос
– 20гр мелени бадеми

Додаток:
– 200 гр спанаќ
– 400 гр компири

Подготовка:
1. Излупените и на коцки исечени компири ставете ги во ладна вода и во меѓувреме измијте го спанаќот и исечете го на ленти од околу 2 сантиметри.

2. За филетите ослиќ подгответе маринада, ставете го ослиќот во сад и прелијте го со сок од еден лимон, малку сол и бибер и оставете да отстои околу 10 минути. Подгответе ја смесата во која ослиќот ќе се пече, со тост тргнете ја кората, исецкајте магдонос, додајте рендано сирење, маслиново масло и сето тоа заедно ставете во садот со ослиќ и втиснете.

3. Половина од подготвената смеса ставете ја во керамички сад за печење, на неа ставете ги филетите ослиќ, посипете со мелените бадеми и по нив додадете го остатокот од смесата. Рибата ставете ја во рерна на 150 степени целзиусови и печете околу 15 минути.

Послужете со зготвениот спанаќ и компир и по желба додајте кришки сечени домати.

Тајната која ќе осигура филетите ослиќ да не се исушат за време на печењето е корицата кората на рибата и за време на печењето станува крцкава, задржувајќи ја рибата сочна. На овој начин можете да подготвите било кој тип на поголема риба и бидете сигурни дека за време на печењето нема да се исуши.

- Реклама -