Слатко зеленило во Капиштец

Граѓаните кои живеат на Рузвелтова во близина на Агенцијата за вработување пријатно ги изненади големата зелена површина која никна пред згардите.

Во период кога воздухот во Скопје, градењето и сечењето на дрвјата  станаа главни проблематики секојдневно подлежни на анализи,  вакви фотографии успеваат да не израдуваат.

Затоа, апелираме вакви паркчиња да бидат дел од проектите, и тоа со голем акцент,  не само во Скопје, туку ширум цела Македонија.

Зеленилото е неопходно за луѓето, тоа ни помага да бидеме здрави, среќни и да ја негуваме природата која безусловно не чува нас.

Има еден глупав виц „Си бил еден човек заборавил да диши и умрел“ или можеби и не е толку глупав?

10167971_10202743035770479_617201776_n 10155307_10202743035210465_422321680_n 1970494_10202743034850456_367082800_n 1939703_10202743033490422_111583518_n 150030_10202743034490447_422960061_n

 

- Реклама -