Моменти засекогаш запаметени во историјата на телевизијата

Првото телевизиско емитување се случило во 1929 година, а веќе во 1960  9 од 10 домови во САД имаат телевизор.Телевизијата е многу моќен медиум кој може да влијае над мислењето на општеството и носи милијарди  приходи. На почетокот повеќето емисии на телевизија (освен филмовите) биле во живо. Записите не постоеле до 1957 година.  Важни настаните, како инаугурација на претседател, Олимписките игри и др. ги гледаат милиони гледачи низ целиот свет. Погледнете кои се 10-те  моменти во историјата на телевизијата кои ќе останат засекогаш запаметени:

10. Претседателот Ричард Никсон се повлекува – 1974 година

Во 1974 година претседателот Никсон се повлече од функцијата, по скандалот Вотергејт. Тој се повлече со 16-минутен телевизиски говор на 8 август 1974 година.

9. Апсењето на О Џеј Симпсон – 1994 година

Во 1994 година О Џеј Симпсон е осомничен за убиството на својата сопруга и нејзин пријател. Тој бега од полицијата со возило, а  органите на редот го бркаат речиси 2 часа. Хеликоптерите на различни медиуми ја снимаат сагата, додека  телевизиите ја пренесуваат во живо. На крајот Симпсон се враќа во својот дом и таму е уапсен. Следува случајот против него, што исто така е следен со огромен интерес. Го нарекуваат „Случајот на векот”. Вината на Симпсон така и е докажана.

8. Падот на Берлинскиот ѕид – 1989 година

На 10 ноември 1989 година започнува падот на Берлинскиот ѕид. Освен официјалните работници илјади граѓани се собраа и почнаа да кршат парчиња од ѕидот. Милиони луѓе во светот го набљудуваа настанот.

7. Кралските свадби – Чарлс и Дијана (1981 година) и Вилијам и Кејт (2011 година)

Свадбата на принцот Чарлс и Лејди Дијана е гледана од 750 милиони луѓе во светот. 16 години подоцна Принцезата Дијана ќе го  собере повторно светот пред милиони телевизори – овој пат за нејзиниот погреб.  Во април 2011 година нејзиниот син Вилијам се ожени за Кејт Мидлтон, a  церемонијата ја проследија десетици милиони луѓе  во светот, од кои  72 милиони само на  YouTube Royal Channel.

6. Слетувањето на Месечината на Apollo 11 – 1969 година

На 20 јули 1969 година милиони гледачи  во светот го видоа  првото слетување на човекот на Месечината. Се смета дека истото било следено  од 500 милиони луѓе во светот. За САД беше  важно да испратат прв човек на Месечината. Астронаутите следат строго, претходно напишано сценарио. Нил Армстронг го сподели  моментот  со целиот свет. Чекорот на месечината е наречен „Најголемото шоу во историјата на телевизијата”.

5. Убиство на убиецот на Кенеди – 1963 година

На 24 ноември во подрумот на полицијата во Далас е убиен Ли Харви Освалд – обвинет за убиството на Џ Кенеди. Убиството се случува пред ТВ камерите, додека Освалд е подготвен за преместување во друг затвор. Убиецот Џек Руби одеднаш излегува од толпата и пука. Тој тврди дека мотив му бил гневот поради смртта на Кенеди. Според некои е херој. Околу 180 милиони луѓе го гледаат убиството.

4. Погребот на Принцезата Дијана и Погребот на Мајкл Џексон

Погребот на Принцезата започна од  Палатата Кенсингтон. Националното знаме беше на половина копје. На церемонијата присуствуваа 2 000 луѓе, а 2,5 милијарди ја гледаа на телевизија. Принцезата почина во 1997 година, на 36-годишна возраст во сообраќајна несреќа, која и ден денес подлежи на бројни теории на заговор. Втор најмногу гледан погреб во историјата е  на супер ѕвездата Мајкл Џексон во 2009 година. Церемонијата се одржа во Forest Lawn Memorial Park во Калифорнија, а ковчегот беше носен од браќата на Џексон. 31 милиони луѓе ја гледале церемонијата, на која присуствуваа Елизабет Тејлор, Мила Кунис, Гледис Најт, Стиви Вондер, Лиса Мари Присли и др.

3. Инаугурацијата на Барак Обама во 2009 година

Инагурацијата на Обама ја следеле  37.8 милиони луѓе во светот.

2. Ураган Катрина – 2005 година

Веста за ураганот Катрина доминираше во вестите низ светот во 2005 година. Метеоролозите ја следеа бурата со денови, а новинарите ја следеа  судбината на погодените луѓе.

1. Теротичкиот напад  11 септември 2001 година

Во едно навидум обично Септемвриското утро телевизиите ги завршија своите  утрински  блокови, а „Добро утро Америка” емитуваше интервју со Принцезата Сара Фергусон. Во Светскиот трговски центар во Њујорк удри авион. Сите медиуми почнуваат да емитуваат од местото на настанот и во воздухот се гледа втор удар – на вториот авион. Од тогаш наваму светот не е ист.

- Реклама -