Слушнете ја најдобрата филмска песна

На овогодинешните Оскари за најдобра песна беше прогласена  песната ,,Let it go” од анимираниот филм ,,Frozen” во продукција на Дизни. Песната ја изведува Идина Мензел која и го позајмува гласот на принцезата Елса од филмот.

Tекстописци и композитори се Кристен Андерсон-Лопез и Роберт Лопез.

Песната доби оскар за најдобра песна напишана за филм, а ги победи хитовите Ordinary Love (U2), Happy (Pharrell Williams) и Moon Song (Karen O).

Frozen (Замрзнатото кралство) освои и статуетка во категоријата за најдобар долгометражен анимиран филм.

За оние кои се уште не ја изгледале најновата Дизни бајка им ја претставуваме најдобрата филмска песна, според академијата.

)

- Реклама -