Спомени од едно време: Maшина за пишување

Машина за пишување, куцање, типкање како и да е…таа е еден од предметите кои беа омилен предмет од нечие дество, дел од нечиј живот, нечија професија.

Денес таа е ретро предмет кој потсетува на носталгичност кон некое време, па краси рубрики за живеењето во минатото.

Првата, индустриска машина била произведена во 1867 година. На почетокот на 20. век добила стандарден облик. Во текот на 20. век масовно ја користеле канцелариските службеници, писателите и новинарите.

Во 1975 година се појавила електронската машина за пишување.

Со ширењето на компјутерската технологија, набрзо започнува употребата на персонални компјутери и копири.Од 2000. година производството на овие машини започнало да исчезнува, а во 2011 била затворена последната фабрика во Мумбаи во Индија.

- Реклама -