Мисла на денот: Личниот херој на Бетмен

Богдан Илиевски,  попознат како „Бетмен велит“ има огромна публика која постојано го следи на социјалните мрежи, а неговите статуси и размисли на интересен начин создаваат своевидно влијаение врз мисловниот прогрес, најмногу преку слободната критика, интелигентниот хумор и креативниот начин на кој опишува секојдневни ситуации.Порталот intervjua.com.mk направи доста шаренолико интервју со него, а еден од неговите одговори особено успеа да ни го привлече вниманието. Се работи за одгововорот на  прашањето „Кој е твојот личен херој?

Имено, неговиот одговор ја заслужи  категоријата „Мисла на денот“.

„Не е еден, стотици милиони се. Милијарди. И никој не ги знае како херои. И секој ден се борат со сопствените демони и туѓите побарувања и оставаат 30 денари во џебот на заспан скитник на улица без да се фалат за тоа. И ’ праќаат поховани тиквици наредени во форма на цвеќе на онаа која е гладна за нив и се кловнови кога некој има потреба од потрошувачки кредит на бесконечна насмевка. И знаат дека можеш да работиш и да заработиш за Ламборџини Авентадор, ама не можеш да купиш насмевка на мало дете и џакузито во лева преткомора кое доаѓа со неа. Има луѓе кои секогаш постоеле, луѓе кои секогаш го правеле балансот на планетата и ја спречувале да фати некое џаде низ галаксијава каде ни црна дупка не би не ’ погледнала. И никој не знае дека се херои. Затоа се херои“, вели Бетмен.

- Реклама -