„Не се сеќавам на сонот“

Соништата се уште се загатка за луѓето, но малку по малку научниците откриваат многу интересни нешта.
Овој пат тим од француски научници  откри дека постоајт два вида на сонувачи, а само еден од нив може да се сети на сонот.

Постојат луѓе кои не можат никогаш да се сетат што сонувале како и оние кои наутро јасно се сеќаваат на своите соништа. Научниците воочиле дека за паметење на соновите е одговорен посебен дел во мозокот.

Воочено е дека  оние кои наутро не го паметат сонот, всушност  спијат поцврсто бидејќи нивниот мозок помалку реагира. За разлика од нив, луѓето кои се сеќаваат на своите сонови, имаат слаб сон и добар дел од нив паметат речиси се што сонуваат.

„ Ова откритите добро ја објаснува ситуацијата. Мозокот кој цврсто спие едноставно не е способен да памети нови информации. За рајвата работа мора да биде буден“, истакнува Перине Руби, раководител  на научниот тим.

Ги паметите ли вие своите соништа?

- Реклама -