Toрта од две состојки

Едноставна, сочна, чоколадна фантазија.Време за подготовка 30 минути

Состојки:

5 јајца

250 г. чоколаден крем (Еуро крем, Нутела или било кој друг чоколаден крем)

 

Подготовка

Ги матите со миксерот целите јајца 10 минути додека не се соедини смесата. Чоколадниот крем го топите на пареа и во него додавате најпрво третина од изматените јајца, мешате, потоа втората третина, соединувате и го додавате остатокот од изматените јајца.

Во премачкана (со зејтин) тепсија, посипувате презла и ја нанесувате смесата и ја печете  на 180 степени, околу 20 минути. Тортата се служи, откако ќе се олади.

- Реклама -