Научниците откриваат: Мозокот на убијците функционира по една математичка формула

Двајца математичари М. В. Симкин и В.П. Ројчовдури од Универзитетот Калифорнија потврдија дека причината за убиствата која започнува кај сериските убијци е во согласност со Канторовата функција, односно строга математичка формула популарно наречена „ ѓаволски скали“.

Тие утврдиле дека серијските убијци држат одреден ритам на кој влијае работата на неуроните во мозокот. Т.н ѓаволски скалила или Кантровата функцијa e пример на континуирана функција, но не сосема, бидејќи ја прекинуваат одредени неправилности. Во случајот на сериските убијци тоа се должи на временски периоди прекинати со кратки периоди со многу жртви.

Истражувањето  било спроведено на руски сериски убијци.

Можочните станици на сериските убијци се слични како кај луѓето кои што патат од епилептични напади, а претераната неуронска активност ги тера на напад. Убијците најчето напаѓаат по веќе стореното убиство, а истражувачите веруваат дека тоа е причина за зголемување на неуронските импулси по чинот. Колку е периодот подолг, толку се намалуваат нападите.

И кај епилептичарите и психопатскиот напад, се јавува симултана активност на голем број неурони во мозокот, а експертите веруваат дека таква активност на сличен начин ги „тера“ сериските убијци да го повторат своето злодело.

Рускиот сериски убијца Андреј Чикатило убил вкупно 53. луѓе од 1978. до 1990. година. Најкаткиот период меѓу две убиства бил три дена, а најдолгиот 986 дена. Такви неправилни, долги интервали без убиства се прекинати со периодот на интензивни многу убиства,а одговараат на формулата „ѓаволски скалила“. Слично се однесувале и Џек Трбосек и Петер Сукилајф, убијци од Јоркшир.

Убиството на убијците им делува како седатив, па тие убиваат откако неуронската активност дојде до врвот, како и додека подготвуваат план за ново убиство, тврдат научниците.

- Реклама -