Трансформацијата од маж во жена чинела 4 милиони долари

Брус Џенес сега познат како Кејтлин Џенер, не штедел на својата трансформација во жена. Тој оперирал речиси се – од очните капаци до половиот орган.

За да го исполни својот за повеќето бизарен животен сон, Брус Џенер потрошил, како што се проценува, четири милиони долари на бројни операции низ кои што морал да помине, за во потполност да стане жена.

Иако четири милиони звучат многу, тоа е ситница према она што Кејтлин во следните 10 години би можела да ги заработи. Некој направил пресметки и дошол до импозантни бројки од дури 500 милиони долари.

Ако Кејтлин навистина заработи толку, ќе стане далеку побогата од кланот Кардашијан, а до пари би можела да дојде појавувајќи се во реклами и држејќи им предавања на луѓе кои се наоѓаат во ситуација во која што се наоѓал и тој пред трансформацијата.

Од сите делови на светот и понатаму пристигнуваат честитки за храброста и одлуката ваква пиплива тема, да ја направи тема од јавен интерес. Меѓу оние кои и се диват на Кејт се најде и Денис Родман, кој дури и го повика на состанок.

Родман и сам сакал да носи женска облека, но никогаш не отишол  подалеку од тоа.

Сепак, колку што има честитки, толку има и коментари од луѓе кои се згрозени од неговата одлука и промоцијата на операциите од овој тип, стравувајќи дека ќе станат тренд во светот и ќе се поместат природните граници. Што мислите вие на оваа тема?

Прочитај повеќе:  Погледнете ги најновите фотографии, по операцијата

- Реклама -