Базен по кој што ќе полуди секој музичар

Љубител на класичната музика и колекционер на виолини, направил нарачка  на фирмата  Cipriano Landscape Design да изгради за него базен во форма на виолина. Резултатот е одличен. Дизајнот е на Крис Кипријан, Кит Стајнхоф, Дан Шеј и Вилијам Мур, а проектот е наречен Страдивариус базен.

Базенот се грее, па во него  може да се ужива во секое време од годината. Има и вграден стерео систем и може да слушате музика додека пливате.

Сите функции на базенот  се ракуваат со  далечински, вклучувајќи и од вашиот iPhone. До базенот има спа центар, во кој може да собере 12 лица.

Жиците на виолината се направени од проѕирни плочки, под кои има светла, па  навечер изгледаат многу ефективно.

Погледнете неколку фотографии:

b1(36) b5(29) b4(31) b3(33) b2(35)

 

- Реклама -