Ако не сакате да го изгубите, ова не смеете да го кажете!

Вие сте во среќна врска и се идело глатко. До неодамна! Што се случило?
Сте се скарале и сте рекле нешто што можеби не сте требале? Некои реченици на мажите не би требало да ги кажете. Една несоодветна изјава може да направи голема штета па бидете внимателни за тоа во жестока расправија. Во лутина можете да кажете сешто, но не сакате да го изгубите, помислете два пати пред да изговорите нешто што ќе остави трајни лузни на вашата врска. Критиките за неговата мајка или спомнувањето на поранешниот дечко не се добри аргументи со кои ќе „победите“ во расправијата. Ако не сакате дополнително да го комплицирате животот, се препорачува да се избегниваат овие изјави:

1. Мојот брат е паметен, а ти никогаш нема да бидеш колку него

Споредбите на мажите им е болна точка. Барем една од нив. Споредбата со братот, таткото или некој машки пријател е нешто што дефинитивно треба да го избегнувате, а спомнувањето на поранешниот партнер особено. Тоа за мажите е многу понижувачко и најчесто ќе се повлече, длабоко повреден.

2. Знам дека не си ја преболел

Ако сакате да допрете до него и да дознаете некои детали од неговото минато, ова не е добар начин. Ќе го направите токму спротивното, ќе го оддалечите од себе и ќе открие колку сте несигурни во врската во која сте. Ако за неа повеќе не размислува, кога ќе ја споменете, само ќе го потсетите на неа.

3. Зарем толку многу пари потроши со пријателите?

Тоа се неговите пријатели и „на нив“ ќе потроши онолку колку што тој сака без оглед што вие мислите за тоа. Ако постојано му замерувате за тоа, може еден ден едноставно да одлучи да ја крие својата финансиска состојба од вас. И понатаму ќе плаќа за своите пријатели и не му се допаѓа кога некој на тоа му замерува. Ако имате некои неподмирени трошоци или сте во финансиска криза, пронајдете друг начин на кој ќе му кажете дека е неопходно да се распределат ресурсите. Обвинувањата ќе ги сфати само како напад на неговите пријатели и дека се обидувате да го оддалечите од нивно друштво.

4. Што е со твојата мајка?

Кога неговата мајка е во прашање, морате да бидете крајно внимателни. Тоа е врска која е посебно чувана и чуствителна и не сакате да се најдете во средина. Можеби на вас ви ги ветил месечината и ѕвездите, но една погрешна забелешка поврзана со неговата мајка во истиот момент ќе ве претвори во негаривец. Има нешто посебно кога станува збор за мајките и нивните синови.

5. Не денес, драги, уморна сум

Со оваа изјава не само што ќе го одбиете од себе, туку веројатно ќе го наведете да се запраша: дали сте вие правата за него. Во неговата глава може да создаде сценарио во кое во вашиот иден заеднички живот времето ќе биде исполнето со домашни обврски, купување на намирници и лежење пред ТВ екраните додека не дојде време за одмор. Едно е кога навистина сте уморни, но дали ќе продолжите да го користите тоа како изговор? Немојте да го кажувате ова ако навистина не е потребно.

- Реклама -