Интересни факти за соништата

Постојат многу неистражени нешта за соништата. Што знаете за нив?

Реалноста во нив

Човекот е способен  да ја пренесе реалноста во соновите. Дали и вам некогаш ви се случило да слушнете некоја песна во сон и да се разбудите додека таа навистина пее на радиото или телевизорот. Ова се случува поради тоа што се наоѓате во најдлабоката, рем фаза на сонот, а телото се обидува да остане свесно.

И животните сонуваат

Се случува кучињата додека спијат да се обидуваат да трчаат или да залајат во сон. Тоа е резултат на фактот што и тие сонуваат. Истото се случува и со коњите, мачките, слоновите…

Баш, баш сите сонуваат

Не постои човек кој што не сонува. Дури и ако станете наутро и помислите дека ништо не сте сонувале, се лажете! Само не се сеќавате на сонот. Просечниот човек памети сами 10 проценти од сонот.

Не сонуваат сите во боја

Верувале или не, 12 проценти од популацијата сонува црно – бели сонови. Пред 1950. година повеќе луѓе сонувале без боја. Научниците мислат дека процентот е променет поради телевизорите во боја.

Слепите луѓе сонуваат

Луѓето кои останале без вид по раѓањето, можат да гледаат слики во соновите. Оние кои никогаш не можеле да видат, исто така имаат сонови, но место слика, можат да слушнат, почувствуваат или да го чувствуваат вкусот на нешто. Тие се почувствителни од луѓето кои ги имаат сите сетила.

Можно е да доживеете оргазам во текот на сонот

Сите имаат секси сонови! Најчесто се јавуваат во пубертетот. Можно е да доживеете искуство на оргазам, дури и без контакт. Можно е да биде и посилен, отколку во вистинскиот живот.

Најчесто го сонуваме она што ни причинува најголем стрес

Она што не мачи на јаве, не мачи и во сонот. Тука посебно е важна симболиката и се јавува инстиктот.

- Реклама -