Верувате ли во суеверија?

Суеверието е верување во натприродни сили кои можат да влијаат на настаните во нашите животи. Се смета дека тоа се предрасуди, верувања што можат да се променат, доколку се носи амаилија или пак, се избегнуваат одредени нешта. Погледнете неколку народни верувања:

– Веројатно сте слушнале кога некој ќе кивне да кажеме „Вистина е “ или „ Некој мисли на тебе“.За да дознаете кој,  треба да ви кажат  троцифрен број, чии што збир, ќе ви ја посочи  првата буква од името на човекот.

– Ако ви  трепне десното око , велат дека желбата ќе ви се исполни . Поради тоа, се нервирате доколку ви трепне левото, затоа што тогаш ќе се налутите.

 

– Ако ве испрати непознато куче до дома значи дека нешто убаво ќе ви се случи, што никако не е случај со мачињата ( црна- несреќа; бела – болести)

– Ако убиете мравка ќе се расправате, ако ги ставите нозете на маса очекувајте лоши вести. Доколку пак, шиете облека на себе нешто лошо ќе ве снајде.

– Има едно интересно и за учениците. Вели, ако читате книга не треба да ја оставите  отворена, зашто ѓаволот ќе дојде да ја прочита, па ќе заборавите сé.

– Ако седите на ивицата од масата, нема да се омажите.

– Ако двајца гледаат во иста шолја на кафе, два пати ќе се венчате.

Верувате ли вие во суеверија?

Ако се сетите на уште некое, пишете во коментар 🙂

- Реклама -