Од кршење чинија до „погоди ја невестата со стрела“ – најоткачените свадбени обичаи

Во Кореја го удираат младоженецот со риба по стапалата, додека во Франција младите пијат и јадат во тоалетот. Еве уште неколку од многу интересни обичаи ширум светот.

Ванчавањето е можеби универзална прослава и очигледно фрлањето на букет и заедничкото сечење на торта се секаде застапени. Сепак, во различните култури постојат многу необични обичаи поврзани со венчавките.

Македонија: Плати за да ја земеш

Можеби нас ова ни изгледа секојдневно, но во очите на странците ова е еден од нашите наоткачени и интересни обичаи за време на венчавката. Имено, братот или најблиските роднини на невестата стојат пред врата и не го пуштаат младоженецот да влезе, додека не плати.

Wedding-Videography-Melbourne-Macedonian-Traditions-Money-in-the-brides-shoes-1024x576

Кина: Уловија ја  невестата

Во Кинеската култура на Југур, младоженецот со помош на лак и стрела три пати цели кон невестата. Стрелите секако немаат остар врв. По овој обичај младоженецот ги крши стрелите со што осигурува дека парот засекогаш ќе остане заедно.

Мауританија: Љубовни маснотии

Во Мауританија, девојката на возраст од пет до 15 години буквално се гои за да добие на тежина пред венчавката. Доколку е таа полничка и има изразено сало околу стомакот, тоа значи дека е задоволна.

Шкотска: Тестирање на идната невеста

Пријателите на идната невеста во Шкотска изненадно ја носат невестата избирајќи сами ден, па ја маваат со сите видови отпадоци, од расипано млеко, мртви риби, расипана храна, мед и пердуви. Тие невестата најпрво ја врзуваат за дрво, а после сето тоа ја носат на пиење. Се верува дека доколку го издржи сето тоа, ќе го издржи и она што следува во бракот.

03-bride-crying-when-she-sees-mum

Кина: Плачење за младоженецот

Од девојките во Теџуја, пред венчавната се бара да плачат за  младоженецот по еден час, секој ден, еден месец пред венчавката. Во последните 10 дена од овој месец, на невестата и се придружува и нејзината  мајка, а потоа и бабата.  Се верува дека плачењето предизвикува радост.

Кореја: Удрирање на младоженецот по стапалата

Корејската традиција налага удирање на младоженецот по стапалата, со риба или трска, пред првата брачна ноќ како би се тестирала силата и карактерот на мажот.

Индија: Мажење со дрво

Во некои делови од Индија жените родени како Манглинки – астролошка комбинација кога Марс и Сатурн се под седмата куќа- се проколнати. Оттука се верува дека нивните мажи ќе починат рано. За да не се случи тоа, тие мораат прво да се омажат за дрво, а дрвото потоа ја уништува клетвата.

wedding-tradition-yugur-arrow

Франција: Пијачка во тоалет

Некогаш во Гранција младенците ги терале да испијат буквално се што ќе остане од венчавањето и тоа во тоалет. Денес, традицијата е малку корегирана, па така на младите им се служи чоколадо и шампањ, но истите се сервирани во тоалетот. Поентата на овој обичај е невестата и младоженецот да зајакнат пред првата брачна ноќ.

Спарта: Менување на гардеробата

Во Спартанската култура невестите морале да ја избричар косата и да се облечат како мажи.

Holstphoto Professional Wedding Photographer Ireland

Ирска: Стапалата на подиумот

Во Ирска стапалата на невестата мораат целото време да бидат на земја додека таа и младоженецот го танцуваат својот прв танц. Доколку таа не го направи тоа, се верува дека во неа ќе влезе вила и ќе ја однесе многу далеку.

Германија: Кршење чинија

Гостите на традиционалната германска свадба носат  било кој тип на порцелан, освен чаша, па потоа го кршат бидеќи се верува дека така ќе ги избркаат злите духови. Од среќниот пар подоцна се бара да го исчистат сиот скршен порцелан и така да научат дека животот во бракот не е лесен, но доколку работат заедно ќе го пребродат секој предизвик.

- Реклама -