Погледнете ја фантастичната актерска способност на Мерил Стрип која ќе ве насмее до солзи!(ВИДЕО)

Актерката доби три „сценарија“ кои би требало да ги одглуми во различни ситуации, и во оваа прилика ја покажа својата фантастична актерска вештина и сите присутни ги насмеа до солзи.
Добитничката на „Оскар“ која го држи рекордот по најмногубројни номинации за престижната награда на Американската филмска академија (дури 18 во актеркса категорија), Мерил Стрип, додека гостуваше во емисијата на водителката Ellen DeGeneres уште еднаш го покажа својот извонреден талент за глума.

Водителката на неа ѝ дала три „сценарија“ кои треба да ги прочита на различни начини.

Прво имала да прочита рецепт за торта која требало да глуми заводливо, потоа имитирала породување додека чита извештај за сообраќајот, а најголем аплауз од публиката во студиото предизвикала имитацијата на една тинејџерка, која чита текст до Википедија.

- Реклама -