Човек од Нов Зеланд преживеа напад на ајкула, на уникатен начин

Новозеландец преживеа напад на ајкула на свој начин – ја избодел со нож, сам ја сошил  раната и заминал  во најблискиот бар по  пиво,  пред да стигне до болница. Џејмс Грант, помлад лекар, бил на  риболов со пријателите, кога бил нападнат од ајкула.

24-годишниот маж бил на околу два метри од матната вода, кога почувствувал дека нешто го фаќа за нозе. Помислил дека некој од неговите пријатели се шегува со него.

„Гледав назад, за да видам кој е и бев шокиран”, раскажува тој за радио „Нов Зеланд”. Не ја видел ајкулата и не успеал да сфати  колку е голема. Сепак, по неговата  проценка вилицата и била околу 20 см.

Она е што е најчудно е неговото тврдење дека во тој момент не почувствувал страв:

„Си помислив, сега треба да се обидaм да го тргнам тоа нешто од ногата”.

Држел нож во раката и ја прободел ајкулата.

„Не сум сигурен колку ефективен бев. Таа ме пушти “, вели уште новозеландецот. Набрзо, потоа,  успеал да стигне до едни карпи во близина на брегот, каде ги видел повредите – долги околу 5 см.

„ Го употребив приборот за прва помош, кој го држев во својот автомобил, па сам ги сошив раните на ногата“.

Потоа тој и неговите пријатели отишле во близок бар на пиво.  Финалната грижа за раната ја добил после пивото, во болница, а по два дена  веќе бил на работа.

- Реклама -